Времето денес (11.04.2014) - Умерено облачно со дожд и снег на планините. Сабота и недела сончево и топло
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 11 април 2014

Во Македонија ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. На планините над 1200 метри со врнежи од снег. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринските температури од -2°C до 5°C, а дневните температури ќе достигнат до 4°C односно до 13°C.

 

 

Во Скопје во петок ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 3°C, а дневната температура ќе достигне до 10°C.

 

Во сабота во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а во западните предели ќе дува умерен северозападен и западен ветер. Утринските температури ќе се движат од -3°C до 4°C, а максималните дневни температури од 11°C до 20°C.

 

Во недела ќе биде претежно сончево и топло. Слаб северозападен ветер, а во западните предели ќе дува и западен ветер. Утринските температури од -1°C до 6°C, а дневните температури ќе се движат од 13°C до 22°C.

 

Претежно сончево и топло ќе биде и во понеделник. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 1°C до 8°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 15°C до 24°C.