Времето денес (07.01.2014) - Умерено облачно и магловито. Претежно сончево во источните и западните предели
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 7 јануари 2014

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла и ниска облачност која понекаде ќе се задржи и претпладне, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Претежно сончево со локална облачност ќе биде понекаде во западните и источните предели. Слаб ветер со променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 1°C до 6°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 7°C до 14°C.

 

 

 

Во текот на ноќта ќе има појава на густа магла, каде видливоста понекаде ќе биде помала и од 50 метри.

 

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла која ќе се задржи и претпладне, а во попладневните часови ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Слаб ветер. Утринската температура од 4°C, а дневната температура ќе достигне до 10°C.

 

Во среда во утринските часови ќе има појава на густа магла која понекаде ќе се задржи и во поголем дел од денот. Во текот на денот во поголем дел од Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност. Слаб ветер. Утринските температури од -2°C до 4°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 8°C до 15°C.

 

Во текот на ноќта  ќе има појава на густа магла, каде видливоста понекаде ќе биде помала и од 50 метри.

 

Во четврток во утринските часови ќе има појава на густа магла која понекаде ќе се задржи и претпладне. Во текот во поголем дел од Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност. Слаб ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од -4°C до 3°C, а максималните дневни температури од 9°C до 16°C.