Викенд временска прогноза - Надпросечно топло. Во сабота облачно, во недела дожд.
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 16 јануари 2014

Во Македонија во петок во утринските часови ќе има појава на магла која во некои котлини ќе се задржи и претпладне. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -4°C до 4°C, а дневните температури ќе достигнат до 7°C односно до 15°C.

 

 

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла која може да се задржи и претпладне, во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди.  Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 0°C, а дневната температура до 12°C.

 

Во сабота во утринските чсаови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно облачно и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од -1°C до 7°C, а максималните дневни температури ќе се движат 6°C до 14°C.

 

Во недела во утринските часови ќе има појава на магла, а во претпладневните часови ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Попладне наоблачување кое во доцните попладневни и во вечерните часови ќе донесе врнежи од дожд. На планините над 2300 метри надмоска висина со врнежи од снег. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -2°C до 5°C, а максималните дневни температури од 7°C до 16°C.

 

Во понеделник во утринските часови врнежите од дожд ќе престануваат. Претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Попладне ќе биде претежно сончево со локална облачност. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Утринските температури од 3°C до 8°C, а дневните температури ќе се движат од 8°C до 16°C.