ВИДЕО - Тројца загинати во поплавите во Бугарија и Романија
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 30 јули 2014

Тројца загинаа, а повеќе стотици биле принудени да се евакуираат поради поплавите кои зафатија области во Бугарија и Романија.

 

Во Бугарија бил погоден регионот на градот Габрово во централниот дел на земјата. Едно лице е исчезнато, а настрадала и една 61 -годишна жена. Без електрична енергија во Бугарија останале 17 села и делови од Габрово, а нарушено е и снабдувањето со вода. Уништени се некои мостови и патишта, а некои се блокирани.

 

 

Во Романија се поплавени повеќе места, а настрадале две лица, од кои еден 72 - годишен маж. Во поплавите еден воз излетал од шините. На југозападот на Романија, во околината на градот Новачи, од три села се евакуирани 500 луѓе, додека 75 куќи се отсечени од светот бидејќи реката Дјилорт достигнала ниво од три метри и ги пробила насипите.

 

 

 

Загрозеното подрачје го посетил романскиот премиер Виктор Понта.

 

Извор - Канал 5

 

 

FAILED TO GET REZULT FOR: SELECT fact AS content FROM ic_facts ORDER BY RAND() LIMIT 1