Утре студено утро, преку ден сончево и топло
Напишано од Глигор Тодоров
сабота, 14 септември 2013

На Балканот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне наоблачување кое ќе донесе врнежи од дожд во Словенија, Хрватска, Црна Гора и понекаде во Босна и Херцеговина. Силен ветер ќе дува во Јадранско море. Максималните дневни температури ќе се движат од 21°C до 30°C.

 

 

Во Македонија по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб ветер со променлив правец, а во западните предели ќе дува умерен западен ветер. Утринските температури од 3°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23°C односно до 32°C. УВ индекс 6.

 

Во Скопје по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 10°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 27°C. УВ индекс 6. 

 

Во понеделник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Попладне услови за слаби локални врнежи од дожд ќе има во крајните западни и југозападни предели. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 7°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе достогнат до 24°C односно до 33°C.