Тајфунот Матмо предизвикал појава на лизгање на земјиште во делови од источното крајбрежје на Тајван во вторникот навечер. Брзината на ветерот во тие подрачја достигнал над 100 км/ч.
Обилни врнежи имало и во областа источно од главниот град, каде што биле измерени од 250 до 300 литри дожд.
Тајфунот Матмо условил обилни врнежи од дожд, во некои делови наврнале и до 460 литри дожд на метар квадратен.
Обилни врнежи од дожд и силни ветрови се очекуваат и во среда, а потоа тајфунот ќе го продолжи својот пат кон Кина. Временските услови кои се очекуваат во среда ќе бидат опасни по животот на локалните жители бидејки локално се очекуваат да наврнат и над 500 литри дожд.
Откако ќе го напушти Тајван, тајфунот Матмо и се заканува на Кина.