Состојба на патиштата (Петок 06.03.2015) - Забрани на планинскиот премин Стража, крак Маврово - Дебар и Тетово - Попова Шапка
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 6 март 2015

ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Забрани за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Стража и на патните правци крак Маврово - Дебар и Тетово - Попова Шапка, каде има и забрана за движење на автобуси. 

 

 

ЗАДОЛЖИТЕЛНО: На патниот правец Тетово - Јажинце, задолжителна е употреба на зимска опрема за тешки товарни возила.

 

СОСТОЈБА: Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Снег со слаб интензитет паѓа во северозападниот и југозападниот дел од државата, наместа со остатоци од снег на коловозите.

 

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони. 

 

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

ИНФОРМАЦИЈА: Потсетување за возачите на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март. 

 

Извор - АМСМ