СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по наместа влажни коловози.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
РАБОТИ НА ПАТ: Од ГЕИНГ известуваат дека за потребите за "Извршување на геотехнички истражни работи и изработка на Технички решенија - Основен проект за Санција на свлечишта и стабилизација на нестабилни зони – свлечиште на патот Р1202 Маврово – Дебар", на стационажа км 45+775 до км 45+825 и од км 48+855 до км 49+055 ќе се започне со изведување на активности на патот, односно геодетски и геофизички снимања и истите ќе се одвиваат на 19/22/23.09.2014.
Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес - Скопје (од З.П. Кула до тунелот Катланово) сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Препорачуваме внимателно управување со возилата.
На патниот правец А-1 Гевгелија - Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица „Отовица“ се изведуваат работи на мостовите, за што е поставена соодветна вертикална сообраќајна и светлосна сигнализација, а сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента само по мостовите.
Патен правец Кичево – Охрид во близина на Ботун поради изведување на градежни работи на пат, сообраќајот се одвива наизменично регулиран со семафори за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
На 23.05.2014 год. започнa изведба на градежни работи „Реконструкција и рехабилитација на патната секција Велес - Кадрифаково“ Фаза 2 : од депонијата Велес до с.Лозово.
Геодетски снимања и теренски истражувања за „Извршување на геотехнички истражни работи и изработка на Технички решенија – Основен проект за Санација на свлечишта и стабилизација на нестабилни зони – свлечиште на патот Р2331 Битола-Нижеполе“ ќе се извршуваат во времетраење во период од 09.09.2014 до 08.10.2014, во зависност од временските услови.
РАБОТИ НА ПАТ: Од ГЕИНГ инженеринг информираат дека за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на државните патишта, од 19.08.2014 год. започна со геодетско снимање и геотехнички истражни работи на следните патни правци:
- Р2343 (Р-502), делница Делчево – Голак
- А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево
- Р2335 (Р-512) и Р2336 (Р-514), делница Лажани – Ропотово – Црнилиште (Општина Долнени)
- Р1402 (Р-605), делница од Старо Коњарево до Ново Коњарево
- Р2335 (Р-512) делница Кривогаштани – Обршани – Воѓани.
Работите ќе се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот, а активностите се очекува да бидат со времетраење од 4 месеци.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Извор - АМСМ