Неделна анализа - Претежно сончево и топло. Од четврток пад на температурите
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 28 октомври 2013

На Балканот ќе продолжи сончевото и топло време, па така во понеделник ќе биде сончево и топло. Силен ветер ќе дува во Јадранско и Јонско море. Максималните дневни температури ќе се движат од 20°С до 25°С.

 

 

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево и топло. Слаб ветер со променлив правец. Утринските температури од 2°С до 11°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 19°С до 27°С.

 

Во Скопје во понеделник во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 7°С, а максималната дневна температура ќе достигне до 25°С.

 

Во вторник во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 4°С до 13°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 19°С односно до 27°С.

 

Во среда во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југоисточен и источен ветер. Утринските температури од 4°С до 13°С, а максималните дневни температури од 18°С до 26°С.

 

Во четврток во утринските часови ќе има појава на магла по котлините и долините на реките, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и со постепен пад на максималните температури. Утринските температури 3°С до 12°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 14°С до 22°С.

 

Во петок во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 2°С до 11°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 13°С до 21°С

 

Магловито утро ќе имаме и во деновите од викендот. Па така во сабота во утринските часови ќе имаме појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 1°С до 10°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 13°С до 21°С.

 

Во недела во утринските часови ќе имаме појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 0°С до 10°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 13°С односно до 21°С.