Ледените санти посилни од бродовите
Напишано од Администраторот
вторник, 21 февруари 2012
Мразот на Дунав кој почна да се топи предизвика големи проблеми. По напорната работа на речната полиција, доцна во ноќта, од реката беа извлечени десетина чамци и бродови. Властите денеска ангажираа три мразокршачи на Дунав, од Ушче до Земун.

Од Градскиот штаб за вонредни ситуации, соопштија дека мостовите се безбедни и се под целосна контрола. Доцна синоќа еден сплав целосно потона во Земун, но за среќа на него во тој момент немало луѓе. Речната полиција соопшти дека потонал и бродот-ресторан Александар.

И покрај тоа што температурите се во пораст, сепак, во тешко пристапните региони, се уште има завеани над 3000 луѓе, а до нив може да се дојде само со хеликоптер.