Во Македонија во раните утрински часови услови за врнежи од дожд ќе има во крајните источни предели. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и посвежо.
Во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста која што во текот на доцните попладневни и вечерните часови ќе услови локални врнежи од дожд и грмотевици. Поинтензивни врнежи се очекуваат во североисточните и источните предели.
Ќе дува доумерен засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен засилен североисточен ветер. Утринските температури од 13 до 23 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 27 односно до 38 степени. УВ индекс 8.
Во Скопје во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито. Во попладневните часови зголемување на облачноста која во доцните попладневни и во вечерните часови може да услови локални врнежи од дожд.
Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 21 степен, а максималната дневна ќе достигне до 35 степени. УВ индекс 8.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk