Времето утре (31.08.2013) - Сончево, топло и ветровито
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 30 август 2013

Во Македонија во сабота ќе биде претежно сончево, ветровито и свежо. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 9°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 23°C до 32°C. УВ индекс 7.

 

 

Во Скопје во сабота ќе биде претежно сончево и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 15°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 29°C. УВ индекс 7. 

 

Во недела ќе биде претежно сончево. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч.Утринските температури ќе се движат од 10°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 24°C односно до 34°C. УВ индекс 7.

 

Претежно сончево, топло и ветровито ќе биде и во понеделник. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот понедекаде ќе достигне ии брзина до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 10°C до 19°C, а максималните дневни температури од 24°C до 33°C. УВ индекс 7.