Времето утре (25.01.2014) - Облачно со врнежи од дожд и снег проследени со засилен ветер
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 24 јануари 2014

Во Македонија во сабота ќе биде облачно со врнежи од дожд, ветровио и студено. На планините над 1000 метри со врнежи од снег.

 

 

Во доцните попладневни и во вечерните часови снежната граница ќе се спушти и на 300 метри, што значи и на пониските места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30°C. Температурите ќе бидат во опаѓање, и утринските температури ќе бидат всушност и максималните и ќе се движат од 4°C до 9°C, а во текот на денот ќе опаднат и минималните температури ќе се движат од -2°C до 4°C.

 

Во Скопје во сабота ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Во доцните попладневни и во вечерните часови врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег. Ќе дува засилен северозападен ветер. Минималната температура од 2°C, а максималната ќе достигне до 7°C.

 

Во недела ќе биде умерено облачно со провејување на снег, ветровито и студено. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен  југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Минималните температури ќе се движат од -5°C до 1°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 1°C до 6°C.

 

Во понеделник во утринските часови ќе има појава на мраз, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и студено.  Ќе дува умерен ветер со променлив правец. Утринските температури ќе се движат од -8°C до -2°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 1°C до 7°C.