Времето утре (22.04.2014) - Умерено облачно со сончеви периоди. Од среда поинтензивни врнежи и грмотевици
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 21 април 2014

Во Македонија во вторник во раните утрински часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и топло. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Утринските температурите од 5°C до 11°C, а максималните дневните температури ќе се движат од 16°C до 26°C.

 

 

Во Скопје во вторник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 8°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 24°C.

 

Во среда ќе биде умерено облачно  и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури од 6°C до 12°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 12°C односно до 22°C.

 

Во четврток ќе биде облачно со врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Во доцните попладневни часови се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 6°C до 12°C, а максималните дневни температури од 11°C до 21°C.

 

Нестабилното време со врнежи од дожд и грмотевици ќе продолжи и во петок. Поинтензивни врнежи од дожд во попладневните часови ќе има во северозападните, западните и југозападните предели. Ќе дува умерен северозападен а во западните предели умерен западен ветер. Утринските температури од 5°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 11°C до 21°C.

 

Во сабота во Македонија ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Поинтензивни врнежи од дожд ќе има во попладневните часови. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 6°C до 12°C, а дневните температури од 11°C до 21°C.

 

Во недела ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од 4°C до 10°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 14°C до 24°C.