Времето утре (11.10.2013) - Нестабилно со услови за дожд. Претежно сончев и топол викенд
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 10 октомври 2013

Во поголем дел од Балканот ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд, а претежно сончево ќе биде во Србија, Бугарија и поголем дел од Грција. Силен ветер ќе дува во Јадранско и Јонско море. Максималните дневни температури ќе се движат од 14°C до 28°C степени.

 

 

Во Македонија во петок ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер кој ќе достигна брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 6°C до 14°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 18°C до 26°C.

 

Во Скопје во петок ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура од 12°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 23°C.

 

Во сабота во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 8°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20°C односно до 28°C.

 

Во недела во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 20 км/ч. Утринските температури од 9°C до 17°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 21°C до 29°C.

 

Појава на магла во утринските часови ќе има и во понеделник. Во текот на денот ќе биде претежно сончево, топло и ветровито во западна Македонија. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 7°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 19°C односно до 27°C.