Времето утре (01.03.2014) - Умерено облачно со сончеви периоди, навечер дожд
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 28 февруари 2014

Во Македонија во сабота ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Во доцните попладневни часови зголемување на облачноста која во вечерните часови и во текот на ноќта ќе донесе врнежи од дожд, а на планините над 1500 метри со врнежи од снег. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури од -1°C до 6°C степени, а дневните температури ќе се движат од 7°C до 15°C.

 

 

Во Скопје во сабота ќе биде умерено облачно со сончеви приоди, во вечерните часови нестабилно со врнежи од дожд. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 2°C, а дневната температура ќе достигне до 14°C.

 

Во недела во Македонија ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд, а на планините над 1500 метри со врнежи од снег. Ќе дува умерен југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури од 3°C до 9°C, а дневните температури ќе достигнат до 6°C односно о 12°C.