Во петок во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне нестабилно со услови за врнежи од дожд и грмотевици ќе има во западните, северозападните и југозападните предели. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 12°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23°C односно до 34°C. УВ индекс 7.
Во Скопје во петок претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со услови за локален дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 18°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 32°C. УВ индекс 7.
Во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне со услови за слаби локални врнежи од дожд во крајните западни предели. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 12°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 25°C односно до 36°C. УВ индекс 8.
Во недела во Македонија ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер а во западните предели понекаде ќе дува и источен ветер. Утринските температури од 12°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 20°C односно до 31°C. УВ индекс 2.