Времето денес (15.02.2022) - По магловитото утро, во текот на денот се повеќе сончеви периоди
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 15 февруари 2022

Денес е вторник, 15 февруари 2022 година, 46-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:24, а ќе зајде во 17:11 часот. Денот ќе трае 10 часа и 47 минути.

Ова утро по котлините имаме појава на магла. Во најголем дел од Македонија имаме претежно облачно и свежо време. Во североисточните и источните предели претежно сончево време со локалан облачност.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските часови по котлините ќе имаме појава на магла и умерено облачно време со повремени сончеви периоди. Во текот на денот намалување на облачноста што ќе услови и повеќе сончеви периоди. Ќе дува доумерен јужен и југозападен ветер со брзина до 15 км/ч. Максималните дневни температури денес во Македонија ќе достигнат до 5 односно до 15 степени.

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во среда потопло утро со температури од -1 до 7 степени. Во текот на денот ќе преовладува претежно облачно време со услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 3 до 13 степени. Во четврток умерено облачно време со сончеви периоди и потопло време со пораст на дневните температури кои што ќе достигнат до 5 односно до 15 степени. Во петок и сабота во Македонија постудено утро со пад на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од -5 до 3 односно од -8 до 0 степени. Во текот на денот претежно сончево време со локална облачност и надпросечно топло време со дневни температури од 7 до 17 односно од 5 до 15 степени.

 

СКОПЈЕ 5 ДЕНА –Во Скопје во среда претежно облачно и релативно топло време. Минималната температура од 4 степени, додека пак дневната до 10 степени. Во четврток умерено облачно време со сончеви периоди и топло време со температура до 12 степени. Во петок и сабота по студеното утро и температура од 0 односно -3 степени, во текот на денот претежно сончево време со локална облачност и температура до 14 односно до 12 степени.