Времето денес (14.04.2014) - Претежно сончево и топло. Од утре пад на температурите, дожд и снег
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 14 април 2014

Во Македонија во понеделник ќе биде претежно сончево. Слаб ветер со променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 0°C до 7°C, а дневните температури ќе достигнат до 14°C односно до 23°C.

 

 

Во Скопје во понеделник ќе биде претежно сончево. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 5°C, а дневната температура ќе достигне до 21°C.

 

Во вторник претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд и ветровито кој ќе услови пад на температурата. На планините над 1200 метри со врнежи од снег. Попладне ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен западен и југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 1°C до 8°C, а дневните температури ќе се движат од 10°C до 19°C.

 

Во среда ќе биде облачно со врнежи од дожд и постудено со пад на температурите. На повисоките предели и на планините над 900 метри со врнежи од снег. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во запаните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 20 км/ч.  Утринските температури од -2°C до 5°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 5°C односно до 14°C.