Времето денес (04.10.2013) - Зимско утро во Македонија. Сончево и студено
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 4 октомври 2013

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на слаба магла, и по студеното утро во текот на денот ќе биде сончево и студено. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина до 20 км/ч. Утринските температури од -4°C до 6°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 12°C до 21°C.

 

 

Во Скопје по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево, студено и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 3°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 16°C.

 

Во сабота по студеното и понекаде магловито утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и ветровито. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури од -4°C до 6°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 13°C до 25°C.

 

Во недела во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне наоблачување. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 0°C до 9°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 12°C до 23°C.