Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде умерено облачно и нестабилно со услови за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен и севеозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат 0°С до 7°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 4°С односно до 11°С.
Во Скопје во понеделник ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 4°С, а максималната дневна температура ќе достигне до 8°С.
Во вторник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди особено попладне и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -4°С до 3°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 2°С односно до 9°С.
Во среда во утринските часови ќе има појава на магла и умерен мраз, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од -7°С до 0°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 3°С до 10°С.