Времето денес (01.09.2014) - Претпладне претежно сончево, попладне нестабилно со дожд
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 1 септември 2014

Во Македонија во понеделник претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23 односно до 33 степени. УВ индекс 5.

 

 

Во Скопје во понеделник претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 18°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 30°C. УВ индекс 5.

 

Во вторник ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и со пад на температурите. Поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат во попладневните, каде локално се очекува да наврнат и над 30 литри дожд. Слаб ветер со променлив правец, а во западните предели ќе дува засилен североисточен и источен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 13°C до 23°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 17°C до 27°C.

 

Во среда ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури 13°C до 23°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 16°C до 26°C.