Во Шпанија измерени летни 26°C, во Грција обилни врнежи од дожд
Напишано од Глигор Тодоров
недела, 26 јануари 2014

Топола воздушна маса го зафати Пиринејскиот полуостров, а температурите низ Шпанија се движеле од 10°C до 22°C, а на југоистокот од Шпанија односно во Мурсија температурата на воздухот се искачила на летни 26°C. Во главниот град, Мадрид температурата достигнала 17°C, а во Барселона 19°C.

 

 

Циклонот кој услови врнежи од снег на Балканот во Грција условил обилни врнежи од дожд, а локално и грмотевици проследени со силен јужен и југозападен ветер. Крајбрежните предели биле погодени од високи бранови. Температурите се движеле од 8°C до 15°C.

 

Врнежи од снег биле регистрирани само на повисоките планини, а во Солун и околината биле регистрирани и врнежи од леден дожд.