ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА - Утре сончево, попладне услови за дожд. Сабота и недела нестабилно
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 22 мај 2014

Во Македонија во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне нестабилно со услови за слаби локални врнежи од додж и грмотевици ќе има во западните и северозапдните предели. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува и североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 7°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 22°C односно до 32°C.  УВ индекс 7.

 

 

Во Скопје во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне зголемување на облачноста. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 12°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 29°C. УВ индекс 7.

 

Во сабота ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува и умерен западен ветер. Утринските температури од 8°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 20°C до 30°C. УВ индекс 3.

 

Во недела во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со услови за слаби локални врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен ветер. Утринските температури ќе се движат од 7°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23°C односно до 33°C. УВ индекс 6.