Уште една „сурова зима во Европа“- Ќе биде ли шеста по ред студена
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 16 септември 2013

Сè започна со годишното списание „ Farmer’s Almanac“. Слушаме доста за уште една сурова зима што доаѓа.

 

 

Иако сезонските временските прогнози во повеќето случаи се шпекулативни, всушност метеорологијата има напреднато до степен каде е можно да се добие идеја во која насока се движи претстојната сезона. Ова земјоделците успешно го правеле со векови.

 

Метеорологот Joe Bastardi во неговото 7 минутно излагање во Saturday Summary се осврнува на последната прогноза за зимата 2013/2014 во светот од страна на NCEP NCAR ( National Centers for Environmental Prediction and the National Center for Atmospheric Research ). Според податоците следува уште една „сурова зима во Европа“. Прогнозата предвидува блокирање и негатативна NAO (North Atlantic Oscillation). Joe исто така на својот твитер профил објавил дека „SST аналогниот пакет во комбинација со мала сончева активност и климатски циклус (сличен на оној од почетокот на 50-тите) се потврда за сурова зима во Европа“.

 

 

Не е само Joe кој напоменува дека временските услови навестуваат сурова европска зима. Германскиот метеоролог Dominik Jung на својот твитер профил го објавил следниот графикон превземен од метеоролошките служби на францускиот CFS кој покажува дека екстремно студено време се очекува во јануари.

 


 

Освен тоа, на веб страната web.de објавенa e статија: „Зимата 2013/2014 ќе биде екстремно студена“, осврнувајќи се на „еден од најпознатите долгорочни модели на Американската метеоролошка служба“.

 

На web.de е објавено:

 

„По сè изгледа дека зимата 2013/2014 ќе биде екстремно сурова. Во понатамошниот напис Web.de додава дека знаците укажуваат на тоа дека зимата би можела да биде подолга од вообичаеното.

 

„Студената воздушна струја од источна до централна Европа може значително да се засили. Исто така студеното зимско време може да потрае во текот на февруари a југозападниот дел на Европа може да биде погоден од руска зима од истокот. Оваа состојба може да потрае дури и до крајот на март. По последните пет многу постудени зими од вообичаеното, овој тек на настаните не би требало да биде изненадување и секако е во рамките на возможното“изјавил метеорологот Јung.

 

Ако оваа прогноза биде точна, тогаш во Европа ќе бидат забележани рекордни шест последователни зими, постудени од вообичаено. Едноставно не можеш да се оддалечиш од глобалното затоплување. Шест исти зими во континуитет, нема да биде ништо помалку спектакуларно. Толку долга и продолжена зима, како што е опишана погоре, ќе биде една од најлошите во последните сто години.

 

Но, не сите метеоролози се убедени дека долгорочните прогнози за временските сезони се од некаква вредност. Шведскиот метеоролог Jörg Kachelmann на твитер , на пример, се потсмева на ваквите прогнози, пишувајќи дека ова доаѓа од „одделот на шарлатани“.

 

 

 

Меѓутоа повторно ќе нагласиме дека овие прогнози навистина се шпекулативни, и сите метеоролози го тврдат ова. Затоа нема потреба да се зема сè здраво за готово.

 

Малку сум скептичен за долгорочната зима исто така ,но не колку што е г-дин Kachelmann. Временските услови може многу бргу да се променат на глобалната скала .На пример, сè уште не е сигурно што ќе се случи со ENSO ( El Niño-Southern Oscillation) во наредните месеци, и ако не може да се предвиди ENSO за наредните неколку месеци, тогаш како може да се предвидат други глобални сезонски услови? Друг пример е сезоната на урагани. Колку често биле погрешни прогнозите за сезоната на урагани?

 

Од друга страна, сега располагаме со детални податоци за временските услови во текот на повеќе од сто години , што ни овозможуваат препознавање на одредени услови кои се повторуваат, па така тендецијата за прогнозирање на сезоните станува реалност. Едноставно не можат да се изостават туку така.