Додека тајфунот Рамасун се распаѓа во северен Виетнам, Матмо се засилува и го достигна нивотото на тајфун од прва категорија. Се наоѓа источно од Филипините. Матмо постепено се засилува и се движи во правец кон Тајван.
Комбинацијата од многу топли океански води и недостаток на висински ветер ќе овозможи тајфунот дополнително да се засилува.
Источното крајбрежје на Тајван може да го почувствува влијанието на тајфунот Матмо веќе во вторник. Првенствено се очекуваат обилни врнежи од дожд и грмотевици. Поголемо влијание на тајфунот се очекува во текот на ноќта вторник кон среда.
Лошите временски услови се закана за целата земја, а најлошо се очекува да помине источното крајбрежје на Тајван, кое за среќа е помалку населена одколку западното крајбрежје.
Во меѓувреме иако Вали во централен пацифик не е веќе тропска бура, може да услови обилни врнежи од дожд во делови на Хавајските острови.
Вали ги загубил своите тропски карактеристики југоисточно од Хаваите. Најмногу дожд ќе добие североисточниот дел на островот.