Тајфунот Матмо го погоди Тајван, следна е Кина
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 23 јули 2014

Тајфунот Матмо предизвикал појава на лизгање на земјиште во делови од источното крајбрежје на Тајван во вторникот навечер. Брзината на ветерот во тие подрачја достигнал над 100 км/ч.

 

 

Обилни врнежи имало и во областа источно од главниот град, каде што биле измерени од 250 до 300 литри дожд.

 

Тајфунот Матмо условил обилни врнежи од дожд, во некои делови наврнале и до 460 литри дожд на метар квадратен.

 

Обилни врнежи од дожд и силни ветрови се очекуваат и во среда, а потоа тајфунот ќе го продолжи својот пат кон Кина. Временските услови кои се очекуваат во среда ќе бидат опасни по животот  на локалните жители бидејки локално се очекуваат да наврнат и над 500 литри дожд.

 

Откако ќе го напушти Тајван, тајфунот Матмо и се заканува на Кина.