Студот ја зеде и четвртата жртва
Напишано од Глигор Тодоров
недела, 4 јануари 2015

Маж, кој починал недалеку од Теслиќ е четврта жртва на ниските температури во Босна и Херцеговина, соопшти денеска Центарот за јавна безбедност во Добој.

 

 

Од центарот известуваат дека 46-годишниот маж се смрзнал откако во алкохолизирана состојба не успеал да излезе од потокот во кој паднал во месноста Младиковини, јави порталот Кликс.

 

Лекар, на самото место утврдил дека мажот починал како последица на смрзнување и дека нема траги од насилна смрт.

 

Извор - Вечер