Состојба на патиштата - петок 13.03.2015
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 13 март 2015

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Според ДЦС МВР, регионалниот пат Пробиштип - ХС Злетовица во с.Којково, Кратово е пробиен и оспособен за сообраќај само за патнички моторни возила.

 

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Локалниот пат Кратово - с.Каврак е во прекин.  Во општина Ранковце регионалниот патен правец кон с.Герман е непрооден поради големи снежни наноси.  Во општина Кратово сообраќајот во планинскиот дел не се одвива поради паднатиот снег во висина од 50 см. На патниот правец Злетово - брана Кежовица кај с.Којково има свлечено поголема количина на земја и сообраќајот е во прекин.

 

 

Во опш.Старо Нагоричане се расчистувал патниот правец с.Дејловце до с.Длабочица. Во наредните денови предвидено е да се расчистуваат патните правци во Козјачијата и тоа следните патни правци: - Жегљане – Малотино –М’гленце; - Арбанашко – Рамно - Буковљане и Цветишница.

 

РЦУК – Скопје, ја пренесува информацијата од ЈСП Скопје во која се наведува дека автобусите на линијата бр.68, за с.Долно Коњари, сообраќаат до мостот на реката Пчиња, од каде патниците го преминуваат пеш, а на другата страна ги чека минибус.

 

Локалните патни правци од опш.Чучер Сандево кон селата:Брест и Малино се непроодни за сите видови на моторни возила.

 

ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕЊЕ: На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 20км/ч. поради слегнување на коловозот во должина од 20м. На самото место е поставена соодветна патна сигнализација. 

 

Во општина Крива Паланка регионалниот патен правец кон с.Огут е прооден со теренски возила.

 

На регионалниот пат Куманово-Кратово кај излезот на с.Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 м и поставени се знаци за предупредување.

 

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по претежно суви коловози. 

 

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони. 

 

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

ИНФОРМАЦИЈА: Потсетување за возачите на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март.

 

Извор - АМСМ