Поради очекуваните високи температури, владата на Ирак прогласила 4 неработни дена
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 30 јули 2015

Владата на Ирак поради очекуваните екстремни температури прогласила 4 неработни денови, почнувајќи од четврток 30 јули 2015 година. Во четврток и петок во Багдат се очекуваат максимални температури и до 51 степен, а во сабота 50 степени. Според прогнозите, минималните температури нема да се спуштат под 33 степени.

 

 

Максимилиано Хера кој што ја одржува веб страната со температурни екстреми наведува дека температурниот рекорд за Багдат изнесува 51 степени.++

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk