Во среда во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен северен и североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 4°C до 14°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 12°C до 24°C.
Во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен северен и североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 1°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 11°C односно до 23°C.
Во петок студено и понекаде магловито утро со ниски утрински температури кои ќе се движат во интервал од -3°C до 7°C. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и студено. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Максималните дневни температури пак ќе се движат од 11°C до 23°C.
Студено утро не очекува и во сабота. Во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и ветровито. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од -4°C до 6°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 13°C до 25°C.
Во недела во претпладневните часови ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, попладне облачно. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 1°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 11°C до 23°C.