Неделна анализа - Во среда услови за дожд, од четврток се враќаат топлите денови
Напишано од Глигор Тодоров
недела, 6 октомври 2013

На Балканот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, додека нестабилно со дожд ќе биде на запад од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, на југ од Албанија и на југ од Грција. Силен ветер со удари до 100 км/ч ќе дува во Јадранско, Јонско и Егејско море. Максималните дневни температури ќе се движат од 16°C до 22°C.

 

 

Во Македонија во понеделник во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со кратки сончеви периоди.Попладне во западните, северозападните и југозападните предели со услови за локален дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 1°C до 11°C, а максималните дневни ќе достигнат до 12°C односно до 22°C.

 

Во Скопје во понеделник ќе биде умерено облачно со повремени кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 7°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 18°C.

 

Во вторник во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, во западните предели умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и потопло. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури од  4°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 14°C до 24°C.

 

Во среда ќе биде претежно облачно и нестабилно со слаби врнежи од дожд и посвежо. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 5°C до 14°C, а максималните дневни ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 10°C до 20°C.

 

 

Во четврток претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне разведрување и ќе преовладува претежно сончево и потопло време. Утринските температури како и дневните ќе бидат во пораст. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 6°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 15°C до 25°C.

 

Во петок во Македонија ќе биде претежно сончево, ветровито и топло. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 5°C до 14°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 17°C односно до 27°C.