Неделна анализа - Сончева и топла недела. Летото не се предава
Напишано од Глигор Тодоров
недела, 22 септември 2013

Во Македонија во понеделник по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево, топло и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 1°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 18°C односно до 27°C.

 

 

Во Скопје ќе биде претежно сончево и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 8°C, а максималната дневна ќе достигне до 24°C.

 

Во вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и потопло. Ќе дува умерен севрен и северозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина до 2о км/ч. Утринските температури од 5°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 19°C до 28°C.

 

Од среда следуваат сончеви и потопли денови со пораст на дневните температури, но бидете внимателни бидејки ќе продолжат свежите утра и ноќи.

 

 

Во среда сончево и топло. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен западен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 3°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 22°C односно до 31°C.

 

Во четврток во Македонија ќе биде сончево, топло и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 3°C до 13°C, а дневните температури ќе достигнат до 23°C односно до 32°C.

 

И во петок ќе продолжи сончевото  и топло време. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб ветер со променлив правец. Утринските температури од 6°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 22°C до 31°C.

 

Претежно сончево и топло ќе биде и во деновите од викендот.

 

Во сабота и недела ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 6°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23°C односно до 32°C.