Неделна анализа - Посвежи и магловити утра. Сончева и топла недела
Напишано од Глигор Тодоров
недела, 20 октомври 2013

Позади нас е една надпорсечно топла недела, каде што температурите биле повисоки за 1 до 3°С во однос на повеќегодишниот просек.

 

Слична состојба не очекува и за нареднава седмица каде што не очекува претежно сончево и топло време каде што максималните дневни температури ќе се движат од 16°С до 27°С. Но во текот на ноќта и во утринските часови ќе имаме ниски температури.

 

 

Во понеделник во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево и топло. Слаб ветер. Утринските температури од -2°С до 10°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 18°С до 25°С.

 

Во вторник во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево и топло. Слаб ветер. Утринските температури ќе се движат од 3°С до 13°С, а максималните дневни температури од 20°С до 27°С.

 

Појава на утринска магла ќе има и во среда, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб ветер со променлив правец. Утринскиите температури од 4°С до 14°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20°С односно до 27°С.

 

Во четврток во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 4°С до 13, а максималните дневни температури од 19°С до 26°С.

 

Во петок во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од 3°С до 12°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 17°С до 24°С.

 

За викендот по магловитите утра, повторно не очекуваат сончеви и топли денови.

 

Во сабота по магловитото утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Слаб ветер со променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 3°С до 12°С, а максималните дневни температури од 16 до 23°С.

 

Во недела во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од 3 до 12, а максималните дневни температури ќе достигнат до 17°С односно до 24°С.