НАСА најави вонредна конференција. Дали се пронајдени траги на живот на Марс ?
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 28 септември 2015

Американската вселенска агенција НАСА за понеделник 28.09.2015 год најави прес-конференција на која ќе објави големо откритие на Марс. Конференцијата е најавена под слоганот "Решена мистеријата на Марс", па некои шпекулираат дека се пронајдени траги на живот на оваа планета.

 

 

Конференцијата е најавена за во понеделник во 17:30 часот по македонско време.

 

Во јули оваа година, НАСА одржа слична конференција на која беше откриено дека е пронајдена планетата Кеплер 452б, планета која е многу слична на Земјата.