Минатата недела во поголем дел од Европа беа забележани речиси летни температури кои се далеку над просечните температури за последната декада од месец октомври.
Според анализата на американската национална управа за океани и атмосфера, температурите во поголем дел од Европа биле за 5 до 7°C над просекот. Тоа се однесува на подрачјето од северот на Шпанија, преку поголем дел од Франција, Германија, Полска, Австрија, Чешка, Унгарија, западна Украина и Романија па се до Балканскиот полуостров вклучувајќи ги Словенија, Хрватска и северот на Босна и Херцеговина и Србија.
Во Македонија во изминатата недела температурите биле повисоки за 1 до 3°C со исклучок на северозападниот дел каде што температурите биле повисоки за 3 до 5°C во однос на повеќегодишниот просек.
Во изминатата недела поголем дел од Европа добило многу малку или воопшто немало врнежи од дожд. Исклучоци се Португалија, дел од Ирска, делови од централна и сверна Италија, неколку области во Франција и југот на Норвешка. Во наведените подрачја биле регистрирани и обилни врнежи од дожд во текот на минатата седмица.
Отстапување на температурите во однос на просекот за период од 20 до 20.06.2013
Вкупно количество на врнежи во Европа во периодот од 20 до 26.10.2013