Утре сончево и многу топло, во вторник услови за град
Напишано од Глигор Тодоров
сабота, 15 јуни 2013
На Балканскиот полуостров во недела ќе биде претежно сончево и топло. Попладне нестабилно со врнежи од дожд ќе биде во Словенија, Хрватска и во северните и западните предели на Босна и Херцеговина. Максималните дневни температури ќе се движат од 28°C до 33°C.
 
Во Македонија во недела ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 10°C до 19°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 26°C односно до 35°C. УВ индекс 8. 

Во Скопје во недела ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 16°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 32°C. УВ индекс 8. 

Во понеделник во Македонија ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат 10°C до 19°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 27°C до 36°C. УВ индекс 8.

Во вторник во Македонија ќе биде претежно сончево и многу топло. Попладне услови за локален дожд и грмотевици ќе има во крајните западните и крајните источни и југоисточни предели, каде можна е и појава на град. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб источен ветер. Утринските температури ќе се движат од 12°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 28°C односно до 37°C. УВ индекс 9.