По неколкуте сончеви и релативно топли денови, а и најавите за пораст на температурите во деновите од викендот за момент помисливме дека зимата е зад нас. Но од вторник (12.03.2013) не очекува продор на студен воздух кој ке услови пад на температурите па дури и можни врнежи од снег.

Интересна е синоптичката ситуација над Европа.
Над Атлантикот се наоѓа циклон чија долина ќе се придвижува кон југоисточна Европа, па затоа речиси цела јужна Европа за време на викендот ке биде под влијание на низок воздушен притисок кој ке услови релативно високи температури за овој период од годината.
Но, на север ке се создаде ситуација која ке услови продор кон Европа на многу студен воздух. Над Гренладн и над Норвешко море ке се формира област на висок воздушен притисок - антициклон, кој ке услови многу студениот воздух од Сибир да се движи кон запад. Па така во деновите од викендот вистински поларни температури ке зафатат поголем дел од Скандинавија каде се очекува температурите да се спуштат и под -20°C.
Студениот континентален воздух кој ке ги зафати северна и северозападна Европа ке се придвижува и кон Балканскиот полуостров а со тоа и кон Македонија. Тоа значи дека од вторник 12.03.2013 Македонија ке биде под влијание на овој студен бран кој ке услови пад на температурите. Најстудените денови се очекува да бидат во периодот од 14.03 до 18.03 кога се очекуват ниски утрински температури во интервал од 0°C до -8°C и можност за врнежи од снег.
Тимот на www.weather4all.com.mk ја следи целата ситуација и постојано ке бидете известувани за секоја новонастаната состојба, бидејки се работи за подолг временски период и можноста за промени во временската прогноза.