Голем шумски пожар гори над Струмица
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 5 март 2012
На околу 500 метри северно од Манастирот “Свети Илија“ над градот Струмица, беснее голем шумски пожар.

Во моментот екипи на Противпожарната единица во Струмица и “Македонски шуми“ ПЕ Струмица со теренско возило се на лице место и го контролираат пожарот.

Бидејќи теренот е тешко пристапен за противпожарните возила, тие се лоцирани на месноста “Свети Илија“.

На лице место се и претставници од Дирекцијата за заштита и спасување.

Станува збор за нискостеблеста шума, а според информациите пожарот најверојатно е подметнат, бидејќи во текот на денот се забележани неколку подметнувања на планините Еленица и Беласица.

Според последната информација  во 21:30 часот, како што не информира раководителот на ТППЕ – Струмица, Мијалчо Крстев, пожарот е изгаснат и ставен под контрола. Екипите на противпожарната единица остануваат на терен да ја следат состојбата.

Извор www.strumicanet.com