Времето денес (24.08.2013) - Претежно сончево и топло, попладне наоблачување
Напишано од Глигор Тодоров
сабота, 24 август 2013

Во Македонија во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне услови за слаби локални врнежи од дожд ќе има во северозападните и североисточните предели(иако веројатноста е мала, мора да се напомене). Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен западен ветер. Утринските температури од 11°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 26°C односно до 36°C. УВ индекс 7.

 

 

Во Скопје во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб ветер. Утринската температура од 16°C,  а максималната дневна температура ќе достигне до 33°C. УВ индекс 7.

 

Во недела претежно сончево и топло. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен и југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 12°C до 21°C, а максималните дневни температури од 26°C до 35°C. УВ индекс 7.

 

Во понеделник сончево, топло и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 12°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 27°C односно до 37°C. УВ индекс 7.