Во Македонија во четврток во утринските часови можни се локални врнежи од дожд во северните, северозападните и североисточните предели. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од -2°C до 5°C, а дневните температури ќе се движат од 6°C до 15°C.
Во Скопје во четврток во утринските часови можни се слаби локални врнежи од дожд, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 2°C, а дневната температура ќе достигне до 12°C.
Во Македонија во петок ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. На планините над 1300 метри надморска височина со врнежи од снег. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 1°C до 8°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 5°C до 13°C.
Во сабота ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. На планините над 1000 метри со врнежи од снег. Ќе дува умерен северен и северозападен,а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер.
Снежната граница во текот на вечерните часови и во текот на ноќта ќе се спушти и на 400 метри, што значи дека над 400 метри врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Утринските темпертури ќе се движат од 0°C до 7°C, а дневните температури ќе достигнат до 4°C до 11°C.