Времето денес (16.10.2013) - Облачно со врнежи од дожд и силен ветер
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 16 октомври 2013

Во Македонија во среда ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, кој во вечерни часови ќе премине во силен северозападен, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер. Ветерот понекаде ќе има брзина и до 50 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 7°С до 16°С, а максималните дневни ќе се движат од 14°С до 23°С.

 

 

Во Скопје во среда ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен југоисточен ветер кој во вечерните часови ќе промени правецот и ќе дува силен северозападен ветер. Утринската температура од 14°С, а максималната дневна температура ќе достигне до 18°С.

 

Во четврток ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито, а во северните, североисточните и источните предели во попладневните часови со услови за локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 40км/ч. Утринските температури од 4°С до 11°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 12°С до 21°С.

 

Во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб северен и североисточен ветер. Утринските температури од 3°С до 10°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 14°С до 23°С.