Најмалку 26 лица загинале во поплавите, по монсунските дождови кои што ја погодина западната индиска држава Гуџарат, објавиле официјални лица. Поради обилните врнежи од дожд и силен ветер во северниот дел на Гуџарат е без електрична струја и прекин на комуникациите.
Повеќе од 200 села се погодени од поплавите и контактот во со овие села е во прекин. Најмалку 50 лица загинале минатиот месец во како последица на поплави и лизгање на земјиште во Индија.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk