Умерено облачно со сончеви периоди, за викенд сончево и посвежо
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 1 ноември 2013

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Утринските температури од 3°С до 10°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 16°С до 24°С.

 

 

Во Скопје во петок ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 7°С, а максималната дневна температура до 21°С.

 

Во сабота во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Слаб југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер кој ќе достигне брзина и до 20 км/ч. Утринските температури од 1°С до 8°С а максималните дневни температури ќе се движат од 16°С до 24°С.

 

Во текот на ноќта ќе има појава на магла по котлините и долините на реките.

 

Во недела во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 0°С до 7°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 16°С односно до 23°С.