Топ 7 совети за пакување пред да тргнеме на зимување!
Напишано од Глигор Тодоров
недела, 27 декември 2015

 

Доаѓа време за зимскиот одмор и зимување,  ве фаќа паника поради пакувањето? Каде да ги сместите и како да ги спакувате “дебелите“ зимски алишта и опрема?

 

Пред да почнете да ги пакувате алиштата, спакувајте ги сите потребни документи кои ќе ви требаат во текот на патувањето. A потоа, пакувањето може да започне:

 

1.Јакна: Земете со себе водоотпорна јакна за скијање и панталони доколку планирате да скијате или бордате или едноставно само да уживате во планинските снежни убавини.

 

2.Обувки: Задолжително е да се има еден пар топли чизми кои не пропуштаат и еден пар патики/чевли. Имајте на ум дека снежната покривка може да биде висока, па потребни се високи чизми

 

3.Чорапи и долен веш: Секогаш имајте повеќе пара чорапи, и задолжително два пара термо-чорапи. Долниот веш испланирајте го според деновите на престојот.

 

4.Опрема за зима: Задолжително водоотпорни ракавици, шал, капа, наочари за сонце.

 

5.Гардероба за секој ден: Спакувајте неколку маици, тренерки, фармерки, панталони, некој дебел џемпер и блузи. Имајте на ум дека често се случува да се измокрите и потребно ви е сува и топла гардероба. Затоа секогаш планирајте ја добро гардеробата.

 

6.Прибор за хигиена: Во вашата козметичка торбичка кога одите на зимување треба да додадете само крема за лице со заштитен фактор и крема за усните со заштитен фактор, евентуално лосион за чистење на лицето и секако прибор за лична хигиена. Одморете ја кожата – шминката воопшто и не ви е потребна!

 

7.Опрема за скијање: Доколку имате сопствена опрема за скијање и имате можност да ја земете со вас, спакувајте ја во посебна торба. А доколкуне ја земете вашата, не очајувајте – во секој скијачки центар има можност за изнајмување.

 

relax master top 728x90 2

 

 

 

 

 

И не заборавајте дека на планина најдобро е да се облекувате слоевито, и се препорачува гардеробата да ви биде од волна и полиестер, бидејќи овие материјали топлат и не пропуштаат влага.

 

Елегантната гардероба можете и накратко да ја заборавите, бидејќи на планина воглавно сите се облечени спортски.