Состојба на патиштата - Слаби врнежи од дожд, снег има на Попова Шапка
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 30 јануари 2015

ЗАБРАНИ ЗА ДВИЖЕЊЕ: Поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре има забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси.

 

 

Забраната за движење, поради свлечиште кај с. Ратавица, на патот Киселица - Злетово во општина Пробиштип е сеуште во тек.

 

Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон с.Степанци и с.Суво Грло.

 

ИНФОРМАЦИЈА: Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

 

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Слаби врнежи од дожд има во југозападниот дел од државата. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка.

 

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони. 

 

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

Извор - АМСМ