Срушени се неколку температурни рекорди за месец март. Во Италија вчера биле измерени 29°C, во Босна 28°C а во Словенија и во Хрватска со 27°C.
Во текот на вчерашниот ден во западна и јужна Европа температурите биле над 20°C, а понекаде достигнале и летни 29°C.
Најтоло било на север од Италија, односно во Болцано вчера биле измерени неверојатни 29°C. На југ од Шпанија биле измерени температури од 28°C, а температурен рекорд за месец март бил срушен во Босна, оснодно во Зеница каде што биле измерени 28°C.
Многу топлата воздушна маса ја покачи температирата во поголем дел од Европа. Високи температури биле измерени во Хрватска и Словенија каде што температурите се искачиле до 27°C, а во Љубљана бил соборен температурниот рекорд за месец март каде што биле измерени 25°C.
Високи температури се очекуваат и во текот на денешниот и утрешнот ден. Во Македонија денеска се очекуваа максималната температура да достигне до 25°C, а за утре и до 26°C.