Климатолошка анализа 14 - 20 септември. Во Македонија температурно просечно и врнежливо
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 22 септември 2014

Американскиот национален центар за климатски податоци кој функционира во склоп на Националната управа за океани и атмосфера (NOAA) ги објави климатските податоци за периодот од  14 до 20 септември 2014 година за Европа.

 

 

Неделата која што помина во поголем дел од Европа било надпросечно топло во однос на повеќегодишниот просек и тоа со температури кои што се повисоки во интервал од 1°C до 5°C.

 

Надпросечно топло за 1°C до 3°C било во поголем дел од Велика Британија, помали делови од Франција, Швајцарија, областа на Алпите, како и во Австија, Унгарија, делови од Романија, Украина, Балтичките држави и Скандинавија. Потопло за 3°C до 5°C во однос на просекот било во поголем дел од Франција, Бенелукс, Германија, Чешка, Полска, Данска, дел од Велика Британија.

 

Температурно просечна седмица била регистрирана во мал дел од Шпанија и Португалија, поголем дел од Италија, Белорусија, Украина, Молдавија како и на Балканскиот полуостров вклучувајќи ја и Македонија.

 

Од цела Европа подпросечно студено било само во југозападна Шпанија и во централна и источна Португалија со температури кои биле за 1°C до 3°C во однос на просекот.

 

Во Македонија во периодот од 14 до 20 септември температурите се движеле во границите на повеќегодишниот просек.

 

Што се однесува до врнежите, како во Европа така и во Македонија количеството на врнежи било шаренолико и речиси секаде ги имало. 

 

 

Температурни отстапувања од повеќегодишниот просек

 

 

Вкупно количество на врнежи

 

 

Екстремни максимални температури

 

 

Екстремни минимални температури