Додека јануарска топлина полека не напушта, ние ви ја презентираме анализата за втората декада од месец јануари. Македонија сеуште со надпросечни температури за овој период од годината.
Американскиот национален центар за климатски податоци кој функционира во склоп на Националната управа за океани и атмосфера (NOAA) ги објави климатските податоци за периодот од 12 до 18 јануари 2014 година за Европа.
Полека како да започнува зимата да ја покажува своето лице, но само во Скандинавија и североисточните предели, онаму каде што претходната декада имаше најголемо отстапување од просечните вредности, односно беше потопло за 7°C до 9°C од просечните температури.
Во најголем дел од Европа било надпросечно топло со температури кои се движеле од 1°C до 3°C над повеќегодишниот просек.
На територијата на Балканот било за 5°C до 7°C потопло во однос на просечните вредности за овој периоди од година, со исклучок поголем дел од Словенија, на север од Босна и Херцеговина и во Хрватска каде што температурното одстапување било од 7°C до 9°C.
Најстудено било во Скандинавија, односно во поголем дел од Шведска, источните и југоисточните делови на Норвешка, како и во Финска и Естонија каде што температурите се движеле во интервал од 5°C до 7°C под просечните температури за овој период од годината.
Во Македонија било потопло за 3°C до 5°C, а во северните и северозападните предели и за 7°C потопло од повеќегодишните просечни вредности. Речиси во целата држава имало многу мало количество на врнежи.
Tемпературни отстапувања од повеќегодишниот просек
Вкупно количество на врнежи
Екстремни минимални температури
Екстремни максимални температури