Времето денес (16.10.2014) - Претежно облачно со услови за слаб дожд
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 16 октомври 2014

Во Македонија во четврток ќе биде претежно облачно и ветровито. Попладне услови за слаби локални врнежи од дожд ќе има во западните, северозападните и крајните северни и североисточни предели. Ќе дува умерен јужен и југозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 9°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 16°C односно до 24°C.

 

 

Во Скопје во четврток ќе биде претежно облачно и ветровито. Попладне со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен југозападен ветер. Утринската температура од 14°C, а максималната дневна до 22°C.

 

Облачно но без врнежи од дожд ќе биде и во петок. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен западен и југозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 40км/ч. Утринските температури ќе се движат од 9°C до 16°C, а максималните дневни температури од 16°C до 24°C.